речник контакт

Прва победа за ракометарите во новото првенство

Борец – Прилеп 31:30 ( 15 :10)

Петар Печков

Велешани уште во првото коло стигнаа до првите бодови во новото ракометно друштво, во натпревар во кој беа постојано во водство а прилепчани се закануваа но без можност за пресврт.

Борец највисокото водство го имаше во 37-та минута 19:11, додека ракометарите на Прилеп стигнаа до минус еден во 52-та минута 26:25. Решавачката предност домаќинот ја создаде во финишот, кога во 57-та имаше три гола водство 31:28.

Голема радост за илјадната публика во салата ,,Гемиџии,, но и надеж  и најава дека велешани нема да ја повторат епизодната улога во истото супер -лигашко друштво, од пред две години, кога забележаа само една победа во 28 натпревари.

Кај Борец најефикасни беа Илиев со 8, Трчков и Стојановски со по 7, додека кај гостите Макалоски постигна  6 а по 5 Лашкоски, Петкоски и Бозароски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »