речник контакт

Прва самостојна изложба на Коста Клифов

18 дела масло на платно се претставени преку изложбата Свет, во три циклуси

Петар Печков

Во Ликовниот салон при народниот музеј од Велес во четвртокот навечер се отвори  првата самостојна изложба на ликовниот уметник Коста Клифов.  Изложбата е именувана ,,Свет,, а составена од повеќе циклуси ,,Патишта, Лица, Од војната,,.

Преку 18 слики масло на платно уметникот преку своето видување го претставува светот денес, пред илјада и два илјади години што е поврзано со човековото битисување. Природа, животинскиот свет, војната, смртта се е предадено преку еден силен експресионистички набој со силни, јаки бои кои оставаат впечаток кај публиката. 

Клифов е   роден во Велес 1985-та година а Факултетот за ликовни уметности во Скопје го завршил  2009-тата. Учествувал во повеќе групни изложби и колонии.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »