речник контакт

Првакот ФК Борец со пораз го заврши првенството од Третата лига Југ

ППК Борец ТИМ со непланиран пораз го изгуби првото место и директниот пласман во Супер лигата.Последните две кола ќе решаваат за победникот на Првата пингпонгарска лига

Петар Печков

Се одигра последното 26 коло од Третата фудбалска лига Југ.  Првакот ФК Борец го доживеа вториот пораз, загуби во крушевски Пресил до КФ Бучим, во натпревар со висока ефикасно. Резултатот е 6:5 за домаќинот, кој е ниско пласиран 11-ти од 12 екипи. ФК Башкими одигра нерешено 1:1 во Крушево со ФК Питу Гули кој е петопласиран.  ФК Тополка одигра возбудливо реми во Росоман сом истоимениот противник. Со три гола во финишот. ФК Тополка израмни во 90 минута на 2:2. Домаќините поведоа во 96-та минута  со 3:2 а во следната и последна од продолжението гостите постигна гол и израмнија на конечни 3:3. 

Конечниот пласман во оваа конкуренција е ФК Борец првак, кој ќе игра бараж за пласман во Втопра лига, ФК Превалец кој денес беше слободен е втор, ФК Башкими од Горно Јаболчиште е 6-ти а ФК Тополка е 12-та последна и според пропозициите на ФФМ излегува од Третата лига Југ. Две екипи претходно се откажаа, ФК Слога и ФК Дреново. 

Според пропозицијата на ФФМ Член 56 (1) Бројот на екипите кои испаѓаат од Третите лиги зависи од бројот на екипите кои се натпреварувале во Третите лиги во сезоната 2025/2026. - во Трета лига која брои до/и 14 екипи, директно испаѓаат последните три пласирани/рангирани екипи на конечната табела. 

Се одиграа две кола од Првата пингпонгарска лига. ППК Борец ТИМ со непланиран пораз го изгуби првото место и директниот пласман во Супер лигата. Во 15 коло загубија од ППК Пелистер со 2:4, состав кој е на средината од табелата. Во следното 16 коло велешани славеа со максимални 0:4 над осмопласираниот ППК Телеком Нец.  По овие резултати велешани паднаа на второто место поради послабата сет разлика, на врвот е ППК Младост.  Во последните две кола ППК Борец игра со ППК Рисови кои е 4-ти со два бода помалку а потоа со последнопласираниот ППК Берово 2, кој нема ниту еден бод.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »