речник контакт

Првачињата станаа членови на Детската организација

Првачињата свечено ветија дека ќе бидат добри ученици и ќе ги почитуваат наставниците. За нив беше организиран концерт на Златните славејчиња

Петар Печков

Во рамките на Светската недела на детето во амфитеатарот на Младинскиот парк се одржа концерт на хорот и солистите на „Златно славејче“. Концертот беше подарок од Општина Велес за првачињата и учениците од одделенска настава од велешките училишта.

На првачињата пред полниот амфитеатар честитки по повод Детската недела им упати Злате Топчаноски, претседател на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Република Македонија и Лилјана Николова, претседател на Општинската организација на Сојузот.Првачињата пак свечено ветија дека ќе бидат добри ученици и ќе ги почитуваат наставниците

Во текот на денот во сите основни училишта беа одржани свечености на кои првачињата положија заклетва и им беа врачени книшки и беџови со кои и официјално станаа членови во Светската детска организација на децата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »