речник контакт

Први декември Светскиот ден за борба против ХИВ-СИДА, се одбележа под мотото „Изедначи“

Во Велес има активни 16 случаи од нив двајца се годинава

Петар Печков

Први декември  Светскиот ден на борбата против сидата, не е против заболените од ХИВ/ СИДА туку против предрасудите што кај повеќето жители на планетата Земја владеат за овие лица. Заболените лица  често се судруваат со  социјални проблеми, дискриминација,  осудени се од јавноста, етикетирани.

Токму затоа Светската Здравствена Организација СЗО овој ден го намени во борбата против предрасудите и со едукација за заштита, не од ризичните групи, туку од ризичното однесување на секој човек. Годинава во Велес,  има два нови случаи на заразени од СИДА. Така од 2005-та досега во градот, има 18  лица заболени од ХИВ/ СИДА, информираа од Центарот за Јавно здравје Велес.  

„ХИВ позитивен е носител на вирусот, додека ако има СИДА тогаш  кај лицето има клинички знаци на болест. Од 150 тестирани лица кај нас, во Центарот во Велес,  ниту еден нема позитивни резултати. Годинава има двајца велешани  заболени од СИДА “ - кажа  примариус  епидемиолог д-р Билјана Трајкова од Центарот за јавно здравје Велес.  

Најголема заштита од ХИВ/СИДА е користењето на презервативи кај партнерот  при сексуалниот однос. Кај зависниците од опојна дрога потребно е добра стерилизација на  инструментите. 

Сидата се добива преку некоја од следните течности: крв, семена течност, вагинална течност и мајчино млеко. Начин на пренесување е сексуален однос, заедничко користење на било каква игла од шприц (при дрогирање, тетовирање, бушење уши),  при трансфузија на заразена крв, во текот на бременоста од заболена мајка на бебе.

Во организација на Советот за јавно здравје на Општина Велес и Општинската Организација  на Црвен крст во Големата сала на општинската зграда се одржа трибина по повод Светскиот ден на борбата против ХИВ/СИДА, 1 Декември. Годинава, Светскиот ден за борба против глобалната епидемија, се одбележа под мотото „Изедначи“

„ХИВ/СИДА е глобален проблем, а пандемијата се јави 1994/5 година.  Тоа е вирус кој го намалува имунитетот кај пациентите. Може пациентот да има ХИВ а да не знае и да живее со него со години. Има еден таков случај во Македонија, кога тој ги зарази сопругата, децата, тие починаа а тој до пред некоја година беше жив. Повеќето пациенти од Македонија се мажи 88% а 12% се жени. Вирусот ги напаѓа Т лимфоцитите, кои се одговорни за имунитетот,  влегува во клетката, го разрушува јадрото и ја уништува клетката. Раните симптоми на ХИВ се слични на сезонскиот грип, потоа два до три месеци може да нема никакво симптом. Вакцина за жал досега нема и затоа превенцијате пресудна. Затоа е добро да се тестирате, ако сметате дека може се сомневате. Така имате пристап до третман, колку побрзо  се докаже дека некој е позитивен, толку побрзо до третман, толку се продолува животот и се прекинува ланецот на пренесување на болеста“ -кажа  спец. инфектолог д-р Силвана Мишкова.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »