речник контакт

Први случаи на заразени со корона вирус во Општина Чашка

Во населба Чашка денес се регистрирани првите два случаи на лица носители на Ковид- 19

Петар Печков

Градоначалникот на Општина Чашка  Горан Стојановски на неговиот ФБ објави дека во населба Чашка се регистрирани првите два случи на  лица позитивни на ковид-19. 

Денес во телефонска комуникација со матичниот доктор од населба Чашка бев информиран дека едно од позитивните лица е хоспитализирано  во ЈЗУ Болница Велес, а додека второто е на домашно лекување по препорака на матичниот доктор бидејќи се чувствува добро.  Апелирам до сите граѓани да не креваат паника и да се почитуваат мерките за заштита порача Стојановски.

Тој упати  апел до жителите од населба Чашка согласно сериозноста на состојбата, да се воздржат од непотребни движења по населеното место, воедно да ги избегнуваат патувањата во други градови, а на оние граѓани кои живеат и работат во други општини, да останат таму за претстојниот период.

Стојановски потсети дека  изминатиот период во општина Чашка на сите јавни институции им се дадени заштитни маски а  обезбедени се и поделени прехранбени пакети на семејствата од социјален ризик.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »