речник контакт

Првиот бод во Втората лига на ФК Борец го загуби на десет минути пред крајот на средбата

Победа за ФК Превалец, реми за ФК Локомотива Градско, во Третата лига Југ

Петар Печков

Фудбалерите на ФК Борец за десетина минути игра го пропуштија освојувањето на првиот бод во Втората лига. Во 7 коло, дома загубија од екипата на ФК Охрид со 1:2 иако полувремето го добија со 1:0.Решавачкито гол за трите бода охриѓани го постигнаа во 84 минута. По ова 7 коло ФК Борец остана последен без ниту еден освоен бод. Во следното коло, во следниот викенд  тие гостуваат во Радовиш на екипата на ФК Детонит  Плачковица, која е 4-то пласирана со 13 бода.  

Во 6 коло од Трета фудбалска лига победа и реми, за екипите од ОФС Велес и двете играа дома.
 Во Превалец   уверлива победа за домаќинот, ФК Превалец - ФК Младост  од прилепско  Кривогаштани 7:1, полувреме (2:0). Во комшиското дерби во Градско ФК Локомотива - ФК Росоман 1 : 1 (1 : 0).

По ова коло ФК Превалец се искачи на 4-тото место со 13 бода а ФК Локомотива е 8 со осум бодови. Во следното коло, следниот викенд ФК Превалец гостува во прилепско Канатларци, кај истоимениот тим, кој е 9-ти со два бода, додека ФК Локомотива исто така во прилепско, но во село Лажани, кај екипата на ФК Слога 1976 која е шестта со 11 бода.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »