речник контакт

Првиот ден од големата летна крводарителска акција собрани 47 крвни единици

Вториот дел од крводарителската акција е најавен за в недела исто така во Ликовен салон од 9 до 15 ч.

Петар Печков

Денес, петок, беше првиот ден од големата летна крводарителска акција која традиционално со години се одржува во Велес.

Во организација на  Општинска Организација Црвен крст Велес и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во терминот од   9 до 15 часот во Ликовниот салон беа собрани 47 крвни  единици.  Од нив двајца денеска за првпат дарувале крв. Поради здравствени причини дури 20 лица биел вратени

Меѓу дарителите беше и градоначалникот Марко Колев  кој е крводарител. Во една пригода тој кажа дека со тоа што дарува крв не сака да се експонира, туку да ја подигне свеста и како градоначалник да привлече и други дарители на бидат дел од хуманото семејство.

Вториот дел од големата крводарителска акција ќе се одржи в недела, исто така во терминот од 9 до 15 ч. во Ликовниот салон.

Причина што се одржува во два одвоени дена е желбата на дарителите,некои од нив барале да биде во работен ден, за да можат викендот да бидат слободни, други во викенд бидејќи поради работни обврски не можеле да даруваат крв.  

 фото Општина Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »