речник контакт

Првите 100-те дена од работата на градоначалникот Коцевски

Воведување ред во работата и живеењето во градот, како и исплата на долгови. Коцевски најави два значајни проекти кои се започнати - колекторски систем и пречистелна станица и уредување крајбрежјето на езерото Младост

Петар Печков

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на прес конференција ги резимираше првите сто дена од неговата работа на  оваа позиција. Тој на оваа функција додје на 20  октомври  и  даде отчет  за   100 дена,   за состојбите, проектите и активностите на Општина Велес. 

Преземањето на  функцијата  според Коцевски била  во  специфичен период, пред  активностите за донесување на програми  за работа во 2018-та и донесувањето  на  Буџетот, кои не оставиле простор за  реализација на конкретни активности во овие три  месеци.

Во овој период го  намаливме за 30 отсто огромниот долг на Општината, или од   2,7 милиони евра  со  домаќинско работење и кратење на сите непродуктивни  трошоци го намаливме за три месеци за  813,6 илјади евра. Разочарувачки беше што  20 објекти сопственост  на Општината немале соодветна намена и оставени да пропаѓаат и   организиравме  Јавна расправа за нивно  користење. После подолг  период ги отстранивме дивите препродавачи околу пазарот,  ги  ослободивме тротоарите   за пешаците   непречено да се  движат. Отстранети се 11  контејнери од паркингот  кај Градскиот пазар. Поведовме  акција за зштита на лиценцираните такси возачи со засилени инспекторски контроли. Бидејќи ред мора да постои. Повеќето училишта имаат натрупано долгови, па како медијатори работиме со превозниците за да обезебдиме превоз  за учениците  - рече Коцевски.

Од досега сработеното тој потенцираше дека привршува поставувањето на  пешачкиот надвозник кај Башино село, саниран е пристапниот земјен пат  до село  Сливник,  до село Сопот, до Долно и  Горно  Караслари,  бетонирани  биле  улици во градот, извршена е  реконструкција на мрежата на улично осветлување во Башино село, Иванковци, Сливник и повеќе улици во  Велес. Нагласи дека се подготвува нво ГУП на градот и најави  што се планираните активности  до  крајот на   годинава. 

Од тековните проекти како најзначаен е ИПА проектот за  изградба на колекторски ситем  и пречистителна станица на реката Вардар. Само подготвката на техничката докуметнација е вредна 1,5 милиони евра а се проценува дека целиот проект  ќе достигне сума од   повеќе  од 20 милиони евра, што  ќе рече дека тоа е  најскапиот проект досега реализиран во општината. За него е изготвена веќе физибилити студијата,   во тек е изработка на основен  проект а во месец  март очекувам да се распише меѓународен тендер за изведбени работи  а при крајот на годината да  почнат и градежните работи. 

Потоа се работи на проектот ,,Кратки транзитни    одмори и фамилијарни излети,,  со кој треба да се уреди крајбрежјето и плажите на езерото Младост. Тој  ги мина двете фази на ред е третата и  тоа е проект со Светска банка и ЕУ  вреден  1,3 милиони евра.    Во тек е тендерската постапка з а  реконструкција на водоводната  линија  Превалец - Горно Оризари која  чини 400 евра,   а за  скоро ќе биде распишан тендерот  за     изградба  на систем за водоснабудвање  на  селото  Бузлаково со две препумпни станици  вреден исто т ака  400 илјади евра.   

Преку Вардарски Плански регион и   Бирото за развој добивме средства од  11 милиони денари за  изградба на систем за водоснабдување во индустриска зона Мамутчево , започнавме со проект за изградба на  фекална канализација на истата локација.  Веќе е распишан конкурсот за продажба на градежно земјиште на оваа индсутриска зона и очекуваме дека за  40 дена  некои плацови ќе бидат продадени. 

Подготвена е  техничка документација за  изградба на водовод во село Сопот  и  за  изградба на повеќе улици во  рамките на ,,Декада на Ромите,,.   Поднесени се апликациик за ОУ ,,Јордан Хаџи Константинов Џинот,,  таму   да се помести клон на детска градинка но  и   уредување на  Дневен   центар за  деца    од улица и деца  жртви на насилство во истата зграда - рече Коцевски. 

Отчетот за сработеното ќе  биде поставен на   веб страницата на Општина  Велес. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »