речник контакт

Првите пет случаи на позитивни на ковид-19 во новата година во велешко

Активни се 549 случаи од велешко, вкупно хоспитализирани во велешка Болница се 29 пациенти

Петар Печков

По новогодишната пауза, започна да работи пунктот за тестирање на ковид случаи и  Центарот за јавно здравје Велес регистрираше пет случи, први во Новата 2021-ва година. Оздравени се 15 пациенти.  Досега во велешко биле заразени од корона вирусот 2.789 лица а оздравеле 2.156 пацинети.

Активни се  549 случаи од велешко со ковид-19, од нив  22 се во велешка  болница,  510 се на домашно лекување , по двајца се во приватни клиники во Скопје и во Болница Козле и по еден во Инфективна клиника, ГОБ 8-ми Септември и на торако-ваксуларана клиника.

Вкупно  хоспитализирани во велешка Болница се 29 пацинети, 25 се на Инфективно а четворица на Интерно. Од лежечките пациенти 20 се потврдени позитивни, двајца се  сомнителени, седум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се десет пациенти.

фото Борче Коцев

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »