речник контакт

Прво градско првенство во пикадо

Хуманитарна акција, велешани за децата без родители, со помош на Општинскиот црвен крст

Петар Печков

Три дена велешани во Младинскаито апрк од 16 до 19 часот можеа да учествуваат во првото градско првенство во пикадо. Истовремено со учеството, тие купуваа и вредносен бон од 30 денари, а парите беа наменети за децата без родители.  Организатор на манифестациајта беше Општинскиот црвен крст на Велес.

Учесниците се натпреваруваа во две категории,до 14  години и возрасни. Во првата победи Никола Рамчевски со 52 поени, пред Ндериме Ахмедова со 49 и Кристијан Тасески со 46 поени. Кај возрасната категорија победи Гроздан Маџаров со 54 пред Ангел Дулаковски и Харис Шаботиќ кои имаа по 53 поени. За сите нив имаше и пригодни награди, кои им беа врачени на рок забавата која се одржа во Амфитеатарот од Младинскиот парк.

Велешани нивната  хуманост и солидарност ја изразија со купување вредносен бон кој за трите дена беше продаден во стотина примероци. Парите околу 3 илјади денари како хуманитарна помош е наменета  за децата без   родителска грижа.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »