речник контакт

Прво па машко

Демрана Реџепи (20 )сама дома го роди нејзиното трето бебе, син, првото новородено во велешко во 2011.Таткото не знае дека добил син

Петар Печков

Конечно по 38 часа во Велес се роди првото бебе. Дваесет годишната мајка Демрана Реџепи на 2 јануари во 14,20 часот, на свет донесе здраво машко дете. Тоа е трета рожба во фамилијата.Тешко е 2.700 грама, а долго 49 сантиметри. Нека е живот и здраво и честитки за родителите.

Демрана е  во невенчан брак со партнерот кој и не знае дека станал татко бидејќи е на работа во Италија. Таа се породила сама без помош во скромниот дом на улица Вера Цири Вири Трена 128. Реџепи е лице со посебни потреби а  со нејзините деца корисник на социјална помош.

Градоначалникот Петров на родилката и даде плик за новороденото бебе но најави поширока акција со надлежните државни и граѓански здруженија за да и се помогне на Демрана.

 

Патем познавачите велат дека секоја година кога ќе се родило женско била успешна, останува да видиме каква ќе биде оваа 2011 година

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »