речник контакт

Прво проект па санација на свлечиштето од обиколницата на патот кај свиокот за Штипска рампа

По неодамнешниот дожд, земјата е свлечена до самиот раб на патот, нема банкини и отстранети се сигурносните столпчиња

Петар Печков

За да започне санацијата на свлечиштето од обиколницата за Велес, во правец од Штип, потребно е да се изготви проект. Дури потоа ќе започнат градените работи. ова го кажа директорот  на ЈП Македонија пат  Беким Мемеди одговарајќи на прашањето,  како и кога ќе се реши овој проблем, за кој алармира велешани.

„После првиот одрон кој се јави на тој патен правец, излеговме на терен и го исчистивме тој дел, инженерите не известија и потребно е да се изготви проект за санација. Потоа следи излегување на терен и санација„“ -рече Мемеди.

ТрМр пишуваше за овој проблем.   На свиокот, во близина на рампата од Штипска пруга, има свлечиште, кое ја загрозува безбедноста на возилата.   По неодамнешниот дожд, земјата е свлечена до самиот раб на патот, нема банкини и отстранети се сигурносните столпчиња.  Возачите велат дека патот е опасен и ризичен, и не можат да се разминат два камиони, кои тука мора да минат за да влезат во индустриската зона на градот.

Од ЈП за државни патишта кажаа дека одржувањето на патишта е во надлежност ан ЈП Македонија пат. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »