речник контакт

Прволигашот Борец подобар од третолигашот Превалец во Купот

ФК Превалец - ФК Борец 1919 0:4 (0:2)

Петар Печков

Во првото коло, шеснаесет финале на фудбалскиот Куп на Македонија, во Велес на стадионот Зоран Паунов се одигра локално дерби, помеѓу третолигашот ФК Превалец и прволигашот ФК Борец 1919.

Постариот лигаш победи со 4:0 полувреме 2:0. Борец поведе со голот на Богданоски во 4-та минута, зголеми Жоглев во 13-та  а двата гола во вторите 45 минути паднаа од пенал во 52 и 76 кои ги реализираше Христов.

Со ова ФК Борец 1919 ги продолжува натпреварите во осминафиналето. Противникот ќе биде извлечен дополнително и се играат два натпревари, дома и во гости. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »