Петар Печков
Објавено: среда, 20 април 2016
Годинава првото каснување од змија во велешко се случи мошне рано, уште при крајот на месец март. Невообиачено и несекојднево, оти не се помни кога толку рано овие влекачи се појавиле во природата. Првиот годинешен случај го потврдија од велешката Болница а се однесува на жител на селото Бузалково, на возраст од 36 години.
На 30-ти март во нашето одделение беше донесен пациент кој беше каснат од змија отрвница. Веднаш ја дадовме неопходната терапија. Беше згрижен три дена, по што во добра здравствена состојба бше пуштен дома. Релативно бргу беше донесен кај нас, еден час откако бил каснат - изјави инфектолог д-р Славица Трајкова началник на Инфективното одделение.
Селанецот бил каснат додека извршувал полјоделски работи на нива и среќна околност била што не бил сам, туку со негови блиски, кои помогнале и веднаш го префрлиле во Болница. Од Инфекитвното одделение при ЈЗУ Општа Болница Велес објаснуваат дека имаат доволно ампули на против зимски отров за претстојната година. Но потенцираат дека волку рано не помнат дека имало случај на каснување од змија.
Во мојот работен стаж, не помнам дека така рано имало каснување на отровница. Рано разбудената вегетација, поволните временски услови, топлото време придонесоа змиите порано од вообичаено да излезт од земјата. Останува на луѓето кои работат по полињата да бидат внимателни и доколку се случи да бидат каснати, веднаш, набргу што можат да бидат префрлени на доктор - додава д-р Трајкова.
Минатата година во велешко имало пет случаи на каснување од змија и сите пациенти навремено добиле против змиски отров и биле спасени.
Tweet |