речник контакт

Превалец и натаму при врвот, ракометарите разочараа на стартот

Машката екипа на Борец со рекордна победа, женската со рекорден пораз

Петар Печков

Во второто коло од Првата лига жени во фудбал, Борец доживеа висок пораз на гостувањето во Битола од Конзули со 9:0 и сега се 6-ти од 10 екипи со три бода. В недела играат со лидерот Кочани дома.
 
Во третото коло од првата футсал лига, екипата на КМФ Велес загуби во Кавадарци до Црна река во ефикасен натпревар со 9:8.  Така по три кола Велес е осми  од десет екипи со 3 бодови. Наредното коло игра дома со соседот на табелата екипата на Мал Ајакс.

Во петтото коло од Третата лига југ, со победата во Јосифово, екипата на Превалец останува на второто место. Овој пат поразена беше Црвена Ѕвезда со 3:1, додека Бабуна на гостувањето во Дојран одигра нерешено 1:1 со Дојранско езеро. Изненадување приреди екипата на Борец, која како последно пласирана ја декласираше екипата на Млекар со 8:1.  По пет одиграни кола Превалец е втор со ист број бодови 15  како прилепска Победа јуниор, но со послаба гол разлика. Бабуна е седма со 6 бодови а Борец 2009 го напушти последното место и сега е 9-ти со 4 бодови. Во шестото коло Превалец дома игра со последниот Варош, Бабуна дома со Црвена Ѕвезда до Јосифово која е четврта а Борец 2009 гостува на Големо Коњари со  кој имаат ист број бодови по 4.  
 
Започнаа натпреварите од Првата лига во ракомет- мажи а ГРК Борец неочекувано иако засилен загуби дома од екипата на Младост 09 со 23:24, со гол примен во последните секунди. Овој неочекуван резултат беше причина за тренер на екипата биде доведен Васко Василев, а додека Зоран Виларов е на местото помошник. В недела ГРК Борец е слободен.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »