речник контакт

Превалец лидер на Трета лига југ

Победи и за фудбалерите на Борец 2009-та, на ракометарите на ГРК Борец

Петар Печков

Во Третата лига југ, во локалното дерби Превалец на домашен терен ја победи екипата на Бабуна со 2:1 и  сега е  лидер  во оваа конкуренција, откако  прилепска Победа Јуниор, загуби од Дојранско езеро. Превалец има 24 бодови или осум победи од   осум  кола.  Бабуна пак е 7 со  9  бодови. Екипата на  Борец  2009-та во дербито на дното ја  победи во Прилеп последно пласираната екипа на Варош со 2:0. По ова  коло Борец 2009 е 9 со  7 бодови. . Во следното коло Превалец во дербито гостува во Неготино на Вардар, кој  е трет со 21 бод, Бабуна дома игра со последно пласираниот Варош а Борец ја пречекува екипата на   Партизан  од Обршани кој е   четврти.

Во Првата футсал лига, екипата на Велес гостуваше на првакот и лидер Железарец во Скопје каде беше торпедиран со 10:1. По ова петто коло Велес е седми со 6 бода а следното коло ја дочекува екипата на Хедис, која 5-та со 7 бодови.

Ракометарите на Борец на домашен терен во третото  коло од Првата лига го победија битолски  Феникс АМС  со 32:22. Следното коло велешани гостуваат на скопски Вардар.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »