Петар Печков
Објавено: петок, 26 јуни 2026
На подрачjето на Велес, реализирана е превентивна активност на тема „Има помош за живот без насилство. Преку непосредна комуникација, граѓаните биле информирани за појавите на семејно насилство, правата и мерките за заштита при постоење на некои од облиците на семејно насилство.
„Граѓаните беа информирани за начините како тоа да се препознае и што можат да сторат доколку се најдат во ситуација да бидат сведоци на одреден вид насилство. Акцент беше ставен и на постапките и процедурите при појава на такви случаи и достапноста на услугите за помош, заштита и привремен престој, при што беше потенцирана важноста од навремено пријавување на сите облици на насилство“ – информираа од МВР.
Целта на активностите била превентивно да се дејствува да се спречи појавата на овој вид на насилство и да се охрабрат жртвите секој вид на насилство навремено да го пријават во полиција. Во рамки на активноста бил поделен печатен едукативен материјал. Активноста е реализирана од полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес.
Фото МВР
| Tweet |




