речник контакт

Превентивната активност на СВР Велес под мотото „И јас и ти сме пешаци, безбедноста на прво место“

На учесниците во сообраќајот им се делеше превентивно едукативен материјал

Петар Печков

Денес на неколку локации во Велес, беше реализирана превентивната активност под мотото  „И јас и ти сме пешаци, безбедноста на прво место“.  Неа ја реализираа отсекот за превенција при СВР Велес и Полициска Станица за безбедноста во патен сообраќај Велес

„Цела на активноста е подигнувањето на ниво  сообраќајната култура кај учесниците, како кај возачите така и кај пешаците. Тоа треба да резултира со намалување на бројот на жртвите во сообраќајни незгоди“ - кажа Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.   

На учесниците во сообраќајот им се делеше превентивно едукативен материјал. Досега за подигнување на сообраќајната култура реализирани се неколку превентивни активности   како што се „Стави појас додека возиш“, „Алкохолот и воланот се лоша комбинација“,Не користи мобилен додека возиш“.

„За да имаме видливи резултати во безбедноста во сообраќајот, покрај овие кампањи, потребно е учесниците  доследно да ги почитуваат сообраќајните знаци, и сообраќајните правила и прописи. Да не се занемаруваат ризиците при учеството во сообраќајот, да ги сочуваме нашите деца“ - дополни Самарџиев.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »