речник контакт

Превентивната кампања под мотото “Не користи пиротехнички средства“

Превенција од употреба на пиротехнички средства во пресрет на претстојните празници

Петар Печков

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес денеска ја започна превентивната кампања под мотото – “Не користи пиротехнички средства“.

Таа има  за цел превенција од употреба на пиротехнички средства во пресрет на претстојните празници.

„Мотивот на превентивната кампања е на граѓаните, пред се на најмладите, да им се укаже за можните опасности и последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници, како и потенцирање на казнените законски одредби за неовластена употреба на пиротехнички средства на јавно место, што претставува општа опасност со која се загрозува сигурноста и безбедноста на граѓаните“ - соопштија од МВР.

На повеќе локации во градот Велес, полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Велес, делеле едукативни летоци за штетноста од нелегалната употреба на пиротехника.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »