речник контакт

Прего и Ескејп за пример, останатите летните тераси работат и во ноември

Не е ослободен и просторот од нелегално освоените зелени површини

Петар Печков

Иако веќе е средината на ноември,а одамна заврши летната сезона на поставување на урбана опрема на летните тераси, за  поголем дел од велешките газди тоа не важи. Во кафетериите на улица Благој Ѓорев освен Прего и Ескејп сите останати  се уште со поставени летни тераси. Рокот за нивно отстранување  беше 31- октомври а повеќето локали работат две седмици надвор од дозволата со поствена урбана опрема.

За в петок имам средба со сопствениците по нивно барање, тоа што го ветив пред некој месец ќе го реализираме. Освоените зелени површини ќе бидат слободни а на нивно место ЈКП Дервен ќе постави железна ограда и ќе го зазелени просторот.   Дефинитивно тој проблем ќе биде решен. Очекувам дека и останатите сопственици, по Прего и Ескејп деновиве ќе ја отстранат  опремата од просторот, кој го користеа изминатите месеци, во летниот период. – изјави градоначалникот Чадиев. 

 Летните тераси се поставуваат со важност од 1-ви април до 31 октомври.  Дел од кафитериите и покрај тоа што немаат  одбрение по елаборат за  поставуавње на урбана опрема  за користење на јавно прометни пвошрини, окупираа дел од зеленилото, кое и го уништија. Ниту тие рокот  од 3-ти ноември, кое им го даде локалната власт,  не  го почитуваа, не ги отстранија масите и столиците.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »