речник контакт

Пред да се изврши авио прскањето против комарците, извршен е надзор и контрола на постапката

Избор на средството со кое се прска се поради ниските дози и ниската токсичност за цицачите и човекот, велат од локалната власт

Петар Печков

Локалната власт со информација за извршените контроли, за второ авионско прскање против комарци, реализирано  но во саботата на 15 јули. Претходно под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, во 18:00 часот  на 14 јули, петок, во Пеширово Свети Николе се изврши полнење на авионот со средство за прскање против комарци.

Со  третирањето е опфатена површина од  две илјади  хектари. Од Општината потенцираат дека  оваа активност ја спроведуваат како општа мерка за заштита на населението од заразни болести.

„Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита од возрасни комарци на територијата на Општина Велес е извршена со средството KULFAK 50 ЕС, биоциден производ на производителот  KULSAN ILАС, од Турција и содржи 5% активна материја Cyfluthrinn, кој спаѓа во групата на пиретроиди. Истото е одобрено од Министерството за здравство на Република Северна Македонија, број на решение 19-359/2 од 30.04.2018 година. KULFAK 50 ЕС е биоцид наменет за сузбивање на адултните форми комарци во населени места и јавни површини, крајбрежје на реки, езера и бари. Може да се применува од воздух или од земја во количина од 50 мл/ха. Cyfluthrin-от спаѓа во групата па синтетските пиретроиди кои се постабилни од природниот пиретроин и имаат подобрено дејство, како што е истерување на инсектите од скривалиштата и побрзо уништување. Избор се поради ниските дози и  ниската токсичност за цицачите и човекот. До денеска не е забележано мутагено, канцерогено, ни тератогено дејство на пиретринот и пиретроидите“ информираа од Општина Велес.

Вообичаено според стандардите се вршат три авио прскање против комарци, така што останува во наредниот период да се изврши третото и последно за годинава.

фото Општина Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »