речник контакт

Предавање за превенција од дијабетес кај возрасната популација (фото)

На присутните им беше бесплатното измеренo нивото на шеќер во крвта

Петар Печков

Во просториите Општинска организација на Црвен крст  Велес се одржа првата од предвидени три работилници за превенција на дијабетесот кај постара популација. На работилницата присуствуваа лица на возраст над 60 години.

„Целта е преку презентација и предавање од лекар, возрасната популација да се информира за дијабетесот, да ја запознаат болеста подобро, нејзините симптоми, последици и превенција, а потоа и практично да се делува доколку има таква потреба“- соопшти д-р Кевица Шопова Клифова, која го одржа предавањето.

На работилниците се изврши мерење на нивото на шеќер во крвта кај присутните и се пополнуваа анкетни прашалници кои  се однесуваа на видот и начинот на исхрана.

Претставниците од Здружението на дијабетичари од Велес  го извршија бесплатното мерење на шеќер  во крвта, кај сите присутни.

АНКЕТА »

Дали сте задоволни од настапот на македонската ракометна репрезентација на СП?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »