речник контакт

Предлог, од есен во прва година средно упис за 1122 ученика, а завршуваат 354 деветоодделенци

Проектираните места за упис во прва година според: просторни услови, соодветност на наставниот кадар, опременоста со нагледни средства, како и интересот и потребите на учениците

Петар Печков

Општина Велес до Министерството за образование го  достави предлог планот за   запишување на ученици во прва година во Средните општински  училишта за учебната 2016/17 година.  Планирани се 1122 слободни места  во прва година во четирите средни школи, во истите насоки  како и лани.

Во Гимназија има   306 места во 9 паралелки, заедно со една паралелка на албански јазик и две  спортски.

Во Димитрија Чупоски, планирани се 238 ученика  во 7 паралелки.

Во Коле Неделковски предвидени се 10 паралелки со 340 ученици во прва година во три  и четири годишно образование. За разлика од претходните години,   тука  нема предвидено паралелки на албански јазик.

Во Економското ,,Јовче Тесличков,,   се бараат 7 паралелки со 238 ученици.    

Во јуни во Општина Велес, во основните училишта  учат вкупно 354 деветтоодделенци. Од нив настава на македонски наставен јазик следат 328 ученици и 26 ученици на албански наставен јазик. 

За следната учебна година се планира да се запишат во прва година 1122 ученика во 33 паралелки од кои 32 на македонски наставен јазик и 1 паралелка на албански наставен јазик, асе очекува да се запишат и деветтоодделенци од други општини. При тоа  предлог планот ги зема предвид следните основи: просторни услови, соодветност на наставниот кадар, опременоста со нагледни средства, како и интересот и потребите на учениците, високо-образовните институции и работните организации - велат од локалната власт, која ги подготви овие предлози. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »