речник контакт

Предупредување до земјоделците, внимавајте при работа околу далноводни системи

Не загрозувајте го сопствениот живот како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина

Петар Печков

МЕПСО А.Д. ги предупредува сите земјоделци во екот на сезоната за наводнување да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со додатна земјоделска опрема во близина на далекуводи од преносната мрежа.
Предупредуваме и апелираме особено да внимавате на следните опасности:

Одбегнувајте да поминувате со земјоделска механизација под трасите на далноводите од преносната мрежа и во нивните безбедносни коридори. Особено одбегнувајте ги безбедносните коридори и  не поминувајте под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација!

Одбегнувајте да поставувате цевководни  системи за наводнување на земјоделски површини во трасите на далноводите, а никогаш не ги поставувајте под проводните јажиња во далекуводните траси!

Никогаш не ги кревајте во височина металните цевки од системите за наводнување во далекуводните траси и други метални елементи особено под проводните јажиња. Воздржете се од манипулација и поставување на метални цевки во трасите на далекуводните коридори!

Не поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа!

Секогаш пред да поставите прскалки за наводнување во близина на далекуводна траса направете добра проценка на правецот на ветерот. Допирот на водниот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по живот на лице кои се наоѓа под трасата на далекуводот!

Не палете ги стрништата во близина на далекувод. Тоа е голема потенцијална опасност за материјална штета на опремата на далекуводот и загрозување на работата на МЕПСО А.Д.!

Не загрозувајте го сопствениот живот како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина! Воедно не загрозувајте ја доверливоста на електроенергетскиот систем!

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »