речник контакт

Презентирана најновата опрема на ФРОТКОМ

Фирмата има 34 претставништав низ светот а во Велес, пред македонските транспортери беа претставени најновите можности за следење на возилата

Петар Печков

На македонските транспортери им беше претставена новата понуда, но и дел од постојните услуги на светската  компанија Фротком.   Нејзин застапник за  земјава е ЛКВ Костовски од  Велес .   На оваа презентација, која собра дел од македонските транспортери дојде лично и директорот Нуно  Линан од Португалија.

Успеавме за овие 4 години во нашата флота да вклучиме доста клиенти со бројни камиони. Нашата услуга опфаќа:  следење онлајн на возила. инсталација на разни сензори, за врата, за гориво,  за температура. Во пракса  може да се контролира од Велес, од Македонија, во било кој дел од светот каде е возилото, колку гориво има. Овозможуваме  текстуална комуникација  со возачите и канцеларија,  и возач со  возач, преку  Гармина и преку таблет со андроид систем  - изјави Драган Костовски директор на застапништвото за Македонија .

Услугите што тие ги нудат се ориентирани кон транспортни компании, меѓународен превоз, а во иднина пазарот може да се шири и кон такси возилата. Фротком интернационал  е со седиште во Лисабон работи  од 1997, се занимава со инсталирање на ЏПС опрема, има претставништва во 34 земји, вклучувајќи ја Македонија.  Фротком е интелигентна и професионална алатка за следење на возила и управување на флота, дизајнирана за контрола на шофери, комуницирање со нив и внимателно следење на начинот на возење.

Нашите клиенти слушна а некои нови опции  кои ќе им помогнат за подобро управување со флотата возила. Бидејќи горивото е меѓу најважните работи, објаснивме како функционираат сондите,  останатите модули за  контрола и помош на возачите, за помала потрошувачка на горивото, за комуникацијата со возачите. Се тоа се трошоци а  ние овозможуваме поевтина и полесна комуникација.  Или кратко на еден преглед можат да ги видат сите операции во текот на еден ден на нивните возила, колку гориво потрошено, каде се  возилата, колку километри минале - објасни Горан Саздовски од Фротком Македонија

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »