речник контакт

Прекинат штрајкот во Колска, исплaтени 1,5 плата и обезбедена работа без тендер

Прекинат е штрајкот во велешката фабрика за шински возила „Колска“ откако ЈП Македонски Железници и Владата ги прифатиле нивните барања.

Петар Печков

Прекинат е штрајкот во велешката фабрика за шински возила „Колска“ откако ЈП Македонски Железници и Владата ги прифатиле нивните барања.

МЖ го платила долгот за извршените работи, по што е исплатена една и пол плата додека со Владата се договориле „Колска“ да продолжи да работи поправки на возови без објава на тендер.

- Се до продажбата на фабриката договорено е да ги работиме сите поправки на возовите и вагоните на МЖ, бидејќи сме единствена таква фабрика во Македонија. Доколку се одеше преку тендер процесот ќе траеше долго а единствено ќе губеше железницата поради времето потребно за чекање - изјави Јордан Чадлов претседател на синдикатот во „Колска“.

Продажбата би се случила на почетокот од септември, до кога тие имаат обезбедено работа а МЖ сервисер за нивните возила. Колска во која работат 280 работника, сега е во сопственост на државата, откако пред две години како една од петте работни единици на МЖ премина во сопственост на Владата.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »