речник контакт

Прекршочна за сопственикот на питбулот кој растргна друго куче

Соседите сведоци силно вознемирени од глетката

Петар Печков

 Велешката полиција со прекршочна пријава ќе го санкционира сопственикот на  кучето од расата питубл, кое пред некој ден искасапи до смрт друго куче.  

Од СВР  Велес информираа  дека на 17 декември, саботата,  примена е пријава дека на улица „Невена Георгиева Дуња“ во Велес, куче од расата „пит бул“ нападнало друго куче- скитник и го усмртило. Полициски службеници излегле на лице место, обавен е разговор со повеќе лица кои во моментот биле на лице место.

,, Утврден е сопственикот на кучето- напаѓач и против истиот ќе биде поднесен соодветен поднесок за сторен прекршок по чл.29 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир,, стои во писмената информација, која ја достави СВР Велес на барање на ТрМр.

Овој настан предизвика реакција  од лавини кај соседите, кои биле сведоци на крвавиот инцидент.   Објаснуваат дека глетката силно ги вознемирила и нив и нивните деца, кои гледале беспомошно како пит булот, кое истрчало од дома, без корпа на устата,   го растргнува нивниот миленик Мирко, кој бил и вакциниран, хранет и одгледуван од целото маало.  Ова не било прв инцидент на кучињата на сопственикот, претходно било на идентичен начин усмртено друго маалско куче. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »