речник контакт

Прекршочна пријава против велешката болница

Единствен пропуст засега е неуредно водење на медицинската евиденција и документација, заради што ќе биде поднесена прекршочна пријава против велешката болница.

Петар Печков

Инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат  во текот на вчерашниот ден извршија надзор на медицинската документација и евиденција во велешката болница водени за починатиот пациент, при што е констатирано дека единствен пропуст е неуредно водење на медицинската евиденција  и документација, заради што ќе биде поднесена прекршочна пријава против велешката болница.

Истовремено, согласно член 6 од Законот за санитарната и здравствената инспекција инициран е стручен надзор за да се изврши увид над лекувањето и третманот на починатиот пациент Месрет Зекиров.

Дополнително, во тек е истрага од страна на надлежни органи, која вклучува и обдукција на телото на починатиот. Во зависност од резултатите од стручниот надзор,

Министерството за здравство ќе ги преземе сите законски мерки против раководните лица, одговорните лекари и помошниот медицински персонал, чија евентуална одговорност ќе произлезе од резултатите од истрагата и од извештајот од обдукцијата на телото. По резултатите од истрагата, другите надлежни институции ќе преземат мерки, во согласност со законските прописи.

Семејството на пациентот и јавноста ќе бидат навремено и точно информирани за резултатите од истрагата и дополнителните мерки што ќе бидат преземени од страна на Министерството за здравство.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »