речник контакт

Преку конкурс се бара решение како да изгледа центарот на Велес како пешачка зона

Велес е еден од малкуте ако не и е единствен поголем град во Македонија, кој во централното подрачје нема пешачка зона

Петар Печков

Се бара идејно решени како да изгледа центарот на градот. Ова се бара преку конкурс а наградата за најдоброто решение беше две илјади евра. Еден конкурс веќе заврши, но комисијата не извршила избор. На него пристигнале два проекти,  за кои комисијата констатирала дека имаат одредени убави решенија, но во целост не ги прифатила. Во очекување да се добијат подобри решенија, ќе се распише нов, а наградата е зголемена од две на три илјади евра. 

Со овој конкурс, со проектната задача ние  кажуваме што сакаме да се постигне со идејното решение. Нашите визии се главната градска  улица 8-ми Септември од јаворите кај Сармаале, до кружниот тек  во центар, кај споменикот на Илинденците да биде пешачка зона, со можност   да се движат автобуси. Планираме споредните  улици Гоце Делчев и Страшо Пинџур да бидат двонасочни, но по нив да нема сообраќај за автобуси.  Ако најдеме решение за паркинг,  имаме размислување за неколку опции, постојниот простор  пред Судот би бил плоштад со зеленило и клупи - објасни градоначалникот Коцевски.    

Тој најави дека деновиве ќе распишат нов конкурс за  ,,изработка на идејно архитектонско -урбанистичко решение за уредување на делови од централно градско подрачје во Велес,,. Велес е еден од малкуте ако не и е единствен поголем град во Македонија, кој во централното подрачје нема пешачка зона.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »