речник контакт

Преку проектот БИОРЕАЛ, ЈКП Дервен ќе набави возило вредно 125 илјади евра

Проектот кој е прифатен и потпишан, е преку ИПА2 програмата на ЕУ и во рамките на соработката помеѓу Македонија и Грција

Петар Печков

Започна реализацијата на проектот БИОРЕАЛ, финансиран од ИПА 2 програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција. Со проектот, ЈКП Дервен ќе добие грант во износ од 125.410 евра, наменети за набавка на ново возило за собирање на смет и изработка на студии за управување со отпад.

Очекуваните резултати од проектот опфаќаат зголемена ефективност и ефикасност на службата за собирање на комунален отпад, при што крајни корисници на истиот се граѓаните на град Велес. Овој проект доаѓа во  ситуација кога претпријатието се соочува со сериозен недостаток од возила за собирање на комунален отпад - изјавија од ЈКП Дервен.

Проектот БИОРЕАЛ е  во тек  на регистрација  на договорот во Секретаријатот за европски прашања во Република Македонија. По регистрацијата на проектот ќе биде изработена техничка спецификација за возилото и ќе започне  постапката за јавна набавка на истото. Се работи за набавка на специјално возило за собирање на смет со капацитет од 5-8м3.

ЈКП Дервен има недостаток на возила за собирање на смет. Неодамна велешките комуналци набавија  ново возило за кое тие  платија 7.67 милиони денари. Тоа возило е наменето за собирање на смет од контејнери од 5м3, 1,1м3, пластични канти од 120л и собирање на смет во кеси од врата на врата.  Претходно се набавија на два нови трактори наменети за собирање на смет по тесните градски улици.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »