Петар Печков
Објавено: понеделник, 03 февруари 2025
Сабота на 8 февруари е премиерата на претставата „Мајка“ со која Зорица Панчиќ ќе одбележи 30 години работа во велешки театар. „Мајка" е работана по текст од Флоријан Зелер, во режија на Јордан Витанов. Освен Панчиќ настапуваат Васил Зафирчев, Кире Ацевски и Сандра Танчева. Таа повторно ќе се игра на мала сцена на 11 и 21 февруари.
Премиера и едно гостување се на репертоарот на велешки театар „Јордан Хаџи Констатнинов Џинот“ во овој месец февруари.
На 22 февруари е станд ап настапот на Атанас и Тино „Натпросечен Македонец“ а билетите за него се веќе распродадени.
Велешки театар со хит комедијата „Вечера за глупаци“ ќе гостува во Демир Капија на 13 февруари и во Прилеп на 20 февруари.
Од тековниот репертоар оваа претстава коај се игра пред распродадена сала, ќе се одигра утре, вторник и на 25 февруари исто така вторник. Претставата „Рацин“ на Дејан Пројкоски е на репертоарот на 12 февруари, Лепа Ангелина на 19-ти а Татко на 27-ми.
Tweet |