речник контакт

Премиера на детската претстава „Мачорот во чизми“ во велешки театар (фото)

Претставта наменета е за деца од 4 до 12 години возраст

Петар Печков

Велешкиот театар премиерно ја изведе претставата „Мачорот во чизми“ според приказната на  Шарл Перо. Драматург е Катерина Момева а режијата е на Деан Дамјановски.

На премиерата присуствуваа децата од градинката „Димче Мирчев“. Истата потоа ќе се прикажува и за другите клонови од градинката но и за учениците од ниските одделенија од основните училишта.

Во претставата настапуваат: Фаик Мефаиловски, Жарко Спасовски, Кети Борисовска, Талија Настова, Самоил Стојановски, Благојчо Стојанов, Зорица Панчиќ, Весна Бобевски, Слободанка Чичевска.  Сценографијата е на Филип Коруновски, Костимите на Катерина Чукниева, кореографијата на Маја Каревски, автор на музиката е Сашо Костов.

Ова е прва детска претстава на сцената  велешки театар Јордан Хаџи Констнтинов Џинот, по неколку годишна пауза. Наменета е за деца од 4 до 12 години возраст. Финансирана е од средства на театарот.   

Фото: ФБ/ театар ЈХ Џинот 

АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »