речник контакт

Премиера на македонскиот анимиран филм „Светот на Биби - звуците на Новата година“ (видео)

Шест филма на репертоарот на 3Д киноверзум, од нив два се премиери

Петар Печков

Премиерно ќе биде прикажан цртаниот филм „Звуците на Новата година“, кој е дел од популарниот детски проект „Светот на Биби“.Во цртаниот филм, Биби, Боби, снешкото Гого, Дедо Мраз од Заз, роботчето Р1 и мистериозните чувари на Заз се обединуваат за да ја спасат целата музика во универзумот. Режисери се Димитар Аризанов и Јосип Здравковски, гласовите ги позајмуваат актерите Слаѓана Вујошевиќ, Сашко Коцев, Никола Ристановски, Сашка Димитровска и Дамјан Цветановски, а музиката е на Ангел Ќосев.

Втора премиера е американскиот филм акција,  авантура и фантазија „Аквамен и изгубеното кралство“ . Аквамен ги балансира своите должности како крал и како член на Лигата на правдата, сето тоа додека планира свадба. Блек Манта е во потрага по атлантска технологија за да помогне во обновата на неговиот оклоп. Орм планира да избега од неговиот затвор во Атлантида. 

Најгледаниот филм во светот изминатиот викенд „Вонка“  втора седмица е пред велешката кино публика.  „Вонка“, музички СФ филм, бајка. Дали сакате да знаете како започна сѐ? Откријте го потеклото на Вили Вонка и неговата средба со фасцинантните Умпа-Лумпа во неговите најрани авантури. Базиран на неверојатниот лик од приказната Чарли и чоколадната фабрика, Вонка ја раскажува приказната за најдобриот изумител, магионичар и чоколатиер и како тој се претворил во Вили Вонка што го знаеме и денес.

Хорор трилерот „Ден на благодарноста“ продолжува да се прикажува во 3Д киноверзум.  Откријте го извртениот план зад навидум случајните убиства во Плимут. Откако бунтот настанат на Black Friday завршува со трагедија, мистериозен убиец инспириран од Денот на благодарноста го тероризира Плимут, Масачусетс - родното место на злогласниот празник.

"МАША И МЕДО – УШТЕ ПОЗАБАВНО!"од 30 ноември синхронизиран на македонски.  Дванаесет месеци волшебни моменти и впечатливи авантури! Доживејте ја волшебната Божиќна приказна.

Анимираниот филм од студиото на Дизни, бајката „Желба“ и натаму пред велешани.  Внимавајте што посакувате. Од Дизни ни доаѓа филмот Желба - приказна за една девојка која си замислува желба на ѕвезда што паѓа... Но, планот се менува кога една ѕвездичка што предизвикува проблеми ќе слезе од небото и ќе ѝ се придружи во нејзината авантура.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »