речник контакт

Премиера на монодрамата „Песни за татковината“

Дело е на Петар Темелковски, посветена на Никола Јонков Вапцаров

Петар Печков

Среда вечер, на малата сцена на Театар „ Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес, со почеток во 20 часот ќе се одржи премиерната изведба на „Песни за татковината“, монодрама на актерот Петар Темелковски како дел од Годишната програма на театарот, поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Поводот на Темелковски за постановка на својот авторски проект „Песни за татковината“ е 75 годишнината од смртта на македонскиот поет, револуционер и хуманист Никола Јонков Вапцаров.

Како и во претходните монодрами од циклусот на Темелковски посветени на значајни фигури од македонската историја, и во оваа се користени архивски материјали од истражувањата на македонските историчари, како и документи достапни во архивите на Македонија кои ги расветлуваат назначајните аспекти од животот и творештвото на Никола Јонков Вапцаров, еден од најсилните поетски таленти кои твореле на македонски јазик – информираа од велешки театар. 

Земајќи ја в предвид силната актерска индивидуалност на Темелковски и оваа  негова најнова монодрама има емотивен пристап и поетична димензија, а личните коментари и ставови на актерот ја прават возбудлива и интригантна хронологија на значајни и нерасветлени настани не само од животот и творештвото на Никола Јонков Вапцаров, туку и од историјата на македонскиот народ воопшто.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »