речник контакт

Премиера на новото продолжение на „Планетата на мајмуните“ како и на биографскиот филм за Ејми Вајнхаус „Back to Black“ (видео)

Премиери и за хоророт„Тарот: Карти на Смртта“,за „Предизвикувачи“ и детската авантура „Луси гангстерката“

Петар Печков

По едно неделна пауза во работата на 3Д киноверзум во Велес, од денес, четврток повторно кино прикажувања на новите филмски наслови. Наредните седум дена на репертоарот се шест филма, од нив пет се премиери.

Премиера заедно со светската на „Планета на мајмуните- ново кралство“. Многу години по владеењето на Цезар, млад мајмун тргнува на патување на самооткривање, предизвикувајќи ги вистините од минатото и обликувајќи ја судбината на мајмуните и луѓето. Мајмуните владеат а луѓето се во сенка.

Премиера и на биографскиот филм за Ејми Вајнхаус „Back to Black“.  Од тинејџерски соништа до глобална слава, бидете сведок на неверојатното патување на Ејми Вајнхаус додека таа се издигнува до ѕвезда.  Филмот базиран на животот на британската пејачка и текстописец Ејми Вајнхаус, која ја игра Мариса Абела.

Премиера и за хоророт„Тарот: Карти на Смртта“. Застрашувачка приказна за пријателството кое се  претвори во кошмар! Дали можат да ги освојат проколнатите карти или ќе подлегнат на неизбежната судбина?

Премиера и за „Предизвикувачи“.Додека сопругот на Таши се соочува со својот најдобар пријател во рингот, тајните од нејзиното минато се закануваат да откријат сè за што таа работела.

Детската авантура „Луси гангстерката“ има премеира во 3Д киноверзум, синхронизирана на македонски. Луси е на невозможна мисија. Дали може да го изврши грабеж и да ја спаси саканата продавница за сладолед на нејзиното семејство?

Анимираниот еколошки филм синхронизиран на македонски јазик „Смрдушковци“.  Филмот се фокусира на проблемите на семејството Смрдушковци, мали зелени суштества кои живеат на депонија и јадат ѓубре. Има пораки погодни за децата за рециклирање, емпатија и инклузија. Во потрага по својот нов дом, Смрдушковци се наделуваат во Смрдвил, прекрасно и весело селце. На жал во Смрдвил има еден гаден проблем, локалната депонија ја згадува целата околина. Сопругата на градоначалникот и бескрупулозниот градежен изведувач сакаат на депонијата да градат велнес центар! Смрдушковци сега треба да го спасат својот нов дом заедно со пријателите. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »