речник контакт

Премиера на претставата „Самооткажаните“ од велешките Гимназијалци, во чест на велешките Гемиџии (фото)

На премиерата присуствуваше и претседателот Пендаровски

Петар Печков

Вчеравечер се одржа премиерата на театарската претстава „Самооткажаните“ во изведба на ученици од Гимназијата Кочо Рацин од Велес. Таа е изведена во чест на Солунските атентатори и Гемиџиите а по повод  120 години од настаните.  

Претставата е во режија на Ненад Витанов, а работена по текст на Емилија Митревска  и според материјали добиени од професорот по историја Сашко Николовски.

Во претставата настапуваат ученици до сите четири години на оваа образовна институција,. Има и неколку музички точки подготвени од професорот по музичко Атанас Зафиров  а исполнети од учениците и хорот на Гимназијата.

Претставата „Самооткажаните“  се изведе на сцената на велешки театар а на нејзината изведба присуствуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »