речник контакт

Премиера на филмската бајка „Вонка“ (видео)

Остануваат на репертоарот „Тивка ноќ“, „Ден на благодарноста“, „Наполеон“ и цртаните „Желба“,„Птици преселници“ и „Маша и медо“

Петар Печков

Седум филма наредните седум дена на репертоарот на 3Д киноверзум, од нив еден е премиера.

„Вонка“, музички СФ филм, бајка. Дали сакате да знаете како започна сѐ? Откријте го потеклото на Вили Вонка и неговата средба со фасцинантните Умпа-Лумпа во неговите најрани авантури. Базиран на неверојатниот лик од приказната Чарли и чоколадната фабрика, Вонка ја раскажува приказната за најдобриот изумител, магионичар и чоколатиер и како тој се претворил во Вили Вонка што го знаеме и денес.

Акцијата „Тивка ноќ“  Ожалостен татко по убиството на синот,  ја спроведува својата крвава одмаздата против безмилосната банда на Бадник. Режијата е на мајсторот на акцијата Џони Ву.

Хорор трилерот „Ден на благодарноста“, Откријте го извртениот план зад навидум случајните убиства во Плимут. Откако бунтот настанат на Black Friday завршува со трагедија, мистериозен убиец инспириран од Денот на благодарноста го тероризира Плимут, Масачусетс - родното место на злогласниот празник.

Филмот „Наполеон, ја раскажува приказната за доаѓањето на Наполеон Бонапарта на власт и за неговиот однос со сопругата Жозефина,   за порастот на славата и моќта. Во филмот ги има и битките кај Аустерлиц, Бородино, Ватерло, за Пирамидите во Египет..  Режија и продукција се  на Ридли Скот, авторот на Гладијатор, Алиен, Блејд ранер, Ханибал, Робин Худ. Наполеон го игра Хоакин Феникс.

"МАША И МЕДО – УШТЕ ПОЗАБАВНО!"од 30 ноември синхронизиран на македонски.  Дванаесет месеци волшебни моменти и впечатливи авантури! Доживејте ја волшебната Божиќна приказна.

Анимираниот “Птици преселници“  е приказна за семејство патки кои  се обидуваат да го убедат нивниот престрог татко да одат на одмор.

Анимираниот филм од студиото на Дизни, бајката „Желба“.  Внимавајте што посакувате. Од Дизни ни доаѓа филмот Желба - приказна за една девојка која си замислува желба на ѕвезда што паѓа... Но, планот се менува кога една ѕвездичка што предизвикува проблеми ќе слезе од небото и ќе ѝ се придружи во нејзината авантура.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »