речник контакт

Премиера на финскиот анимиран хит филм снежната бајка „Нико 3“

Премиера и за американскиот трилер-хорор „Хелбој изопачена сенка“.Пред велешани се и трите најгледани филмови во светот изминатиот викенд - Моана 2, Злобница и Гладијатор 2

Петар Печков

Шест  филма се на репертоарот на 3Д киноверзум Велес, наредните седум дена. Два се премиерни.

Американскиот трилер-хорор  „Хелбој изопачена сенка“ е приказна за  Хелбој и  млад агент на Б.П.Р.Д. во 1950-тите се испратени во Апалачките Планини, каде откриваат оддалечена заедница доминирана од вештерки и предводена од злобниот локален демон, Кривиот Човек.

 Финскиот анимиран филм „Нико 3 зад поларната светлина“ е исто така премеира.   По трогателната разделба, Нико го напушта своето семејство за да го исполни својот најголем сон и да го заземе местото крај својот татко, впрегнат во санката на Дедо Мраз, како дел од неговата летечка единица. Стела, новиот предизвикувач, доаѓа да се избори за местото на Нико. И покрај ривалството, тие почнуваат да си се допаѓаат еден на друг и Нико и’ покажува на Стела каде е скриена санката на Дедо Мраз. Но ноќта пред Бадниковата вечер, Стела ја краде. Тажен поради предавството на Стела, и со желба неговиот татко да престане да се лути, Нико тргнува на заледениот север да ја врати санката назад. На тоа патување го следат неговите пријатели, Вилма и Џулиус. Додека нашите јунаци се соочуваат со голема опасност, ќе мораат да донесат сериозни одлуки кои засекогаш ќе го сменат Божиќ. Низ пријателствата, стари и нови, во оваа трогателна авантура, Нико ќе научи како да го пробива својот пат и да го надмине сето она што некогаш го повредило.

Пред велешани се и трите најгледани филмови во светот изминатиот викенд.

Анимираниот „Моана 2“ е на врвот.  Откако ќе добие неочекуван повик од своите предци водачи, Моана тргнува на патување низ далечните мориња на Океанија и во опасни, одамна изгубени води, за авантура каква што никогаш досега не доживеала.

Американскиот  „Злобница“, мјузикл, романса со Аријана Гранде, Синтија Ериво.  Во Злобница, нераскажаната приказна за вештерките од Оз, игра добитничката на наградите Еми, Греми и Тони, Cynthia Erivo, (Harriet во броодвејската претстава The Color Purple), како Elphaba, млада жена, несфатена поради нејзината необична зелена кожа, која допрва треба да ја открие својата вистинска моќ, и добитничката на Греми, мулти-платинеста уметничка и глобална супер ѕвезда Аријана Гранде како Глинда, популарна млада жена, привилегирана и амбициозна, која допрва треба да го открие своето вистинско срце. По две децении, еден од најсаканите и најтрајни мјузикли на сцената, од есенва  на големиот екран како спектакуларен кинематографски настан кој ја дефинира генерацијата.


Историскиот спектакл „Гладијатор 2“ на Ридли Скот четврта недела по ред пред велешани.  Откако неговиот дом е освоен од тиранските императори, Луциј е принуден да влезе во Колосеумот и да се соочи со своето минато за да ја врати изгубената слава на својот народ.Многу крв и многу анимации.

Се прикажува втора седмица по ред српскиот филм „Прва класа, полн гас“. Приказна за двајца лути ривали и нивната опсесија со трките со легендарните автомобили Југо, натпреварувајќи се во националното првенство и работејќи на своите соништа за Формула 1. Но, трките не се единствениот извор на адреналин – двајцата ривали се заљубени во иста девојка.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »