речник контакт

Премиера на „Лепа Ангелина“ во велешки театар (фото)

Ликовите на Лепа Ангелина и Болен Дојчин, се полни со чувства, борба, желба, со многу љубов и тоа братска и сестринска

Петар Печков

Сабота вечер на сцената на велешки театар премиерно ќе се изведе претставата „Лепа Ангелина“работена во текст на Благоја Ристевски Платнар а во режија и адаптација на Љупчо Ѓоргиевски. 

Ова е втора изведба на текстот на „Лепа Ангелина“ на сцената на  македонските театри, по таа на МНТ од октомври 1995 година кога беше поставена од Владимир Милчин.  Болен Дојчин го толкува Жарко Спасовски а Лепа Ангелина е Талија Настова.  

„Лепа Ангелина ќе проба во овој виртуелен свет во кој живееме, барем во тие 80 минути додека трае претставата. Се надеваме дека публиката позитивно ќе ја прими претставата, ќе и го доловиме чувствата, емоции кои ги нуди претставата. Ликовите на Лепа Ангелина и Болен Дојчин, се полни со чувства, борба, желба, со многу љубов и  тоа братска и сестринска“ - кажа Настова.

Режисерот Љупчо Ѓоргиевски по втор пат се навраќа на дело на Платнар, по „Летни Силјане“.  Вели дека  претставата го обработува митот  за болен Дојчин .

„Претставата е обид да се  измие  неправедно фрлената кал  врз лицето на лепа Ангелина“- вели Ѓоргиевски.

Нему ова му е четврто гостување во велешки театар. „Лепа Ангелина“ е втора  премиера на велешки театар  годинава. Музиката во живо на сцената ја изведуваат Сашко Костов и Орхидеја Дукова.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »