речник контакт

Премиерно „Последниот танц на Magic Mike“ третиот и последен дел од трилогијата Magic Mike

Беше најавено и ре- изданието на Титаник, по повод 25-годишнината од премиерата, но ден пред премиерата поради технички причини филмот ќе се прикажува дополнително.

Петар Печков

Од денес, четврток до следната среда еден  нов филм на репертоарот на 3Д киноверзум Велес.  
Нов филм е „Последниот танц на Magic Mike“ . Тоа е продолжение на Magic Mike XXL од 2015 година и третиот и последен дел од трилогијата Magic Mike на  режисерот на Стивен Содерберг.Тој ќе се прикажува четврток, петок, сабота и вторник од 19ч.

Беше најавено и ре- изданието на Титаник, по повод 25-годишнината од премиерата, но ден пред премиерата поради технички причини филмот ќе се прикажува дополнително.

Од останатите филмови кои ќе може да ги види публиката се трилер- хоророт „Тропање во колибата“ кој од овој викенд е најгледан во САД и го смени од врвот „Аватар -патот на водата“.   

Филмот кој има 11 номинации за Оскар „Се во свое време “ ќе се прикаже понеделник, навечер  а „„Човекот по име ОТО“ со Том Хенкс во недела навечер. Повторно на репертоарот е „Бабилон„ со Бред Пит, кој ќе се прикажува четврток, сабота, недела и вторник во доцниот вечерен термин.  

Новиот филм за непобедливите Гали Астерикс и Обеликс  - средното кралство со фудбалерот Златан Ибрахимовиќ е на репертоарот  сабота, понеделник и среда.

Сабота и недела на репертоарот се и три детски филмови најновиот „Мачорот во чизми- последна желба“ „Дејзи Куока: Најстрашното животно на светот“ австралиски 3Д компјутерски анимирана комедија и „Најдобриот роденден досега“.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »