Петар Печков
Објавено: среда, 22 јуни 2016
Во текот на Рамазанските пости, верниците од муслиманската вероисповед не консумираат храна ниту вода од изгрејсонце до зајдисонце. Секој ден во текот на месецот Рамазан, Муслиманите низ светот стануваат пред изгревот на сонцето да јадат Сухоор, оброк пред зората, и обавуваат фаџар молитва. Сите мора да имаат завршено со јадење и пиење пред да започне повикот за молитва па се до четвртата молитва од денот, магриб (залез). Муслиманите може да продолжат да јадат и пијат по залезот на сонцето, па се до следниот фаџар (повик за молитва). На вечераниот ифтар, кој се одржа во Розе салата во Велес, а беше за муслиманските верници од велешко, присуствуваше премиерот Емил Димитриев. Ифтар вечерата беше организирана од градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев.
Почитувани присутни убава прилика е оваа вечер човек да биде до Вас да ви го честитам светиот месец Рамазан и ви посакам среќни пости. Различностите во Македонија се наша предност и богатство кои треба да ги негуваме. ВМРО-ДПМНЕ тоа го препознава од дамина, уште од Крушевскиот манифест кој е еден од најавтентичните граѓански акти, кои нашата организација во минатото го има донесено, како и од политиката која сега ја спроведуваме. Тоа е интегрирање од сите етнички групи од различни вери во ВМРО-ДПМНЕ, во политичкото дејствување, во државните позиции преку парламентарниот состав и извршната власт. На дело покажуваме дека нашата партија прерасна во граѓанска партија во која се кооптираат сите етнички структури. Како верник немам проблем да живеам со вистински верници до различни вероисповеди. Мене ме загрижуваат луѓе кои недоволно ја познаваат верата и се предмет на структури кои не мислат на добро за иднината на земјава. Затоа давам силна поддршка на учењето на верските доктрини, на нормите на сите религии кои егзистираат во Македонија, оти тие проповедаат мир, соживот, соработка. Тоа е богатство на Македонија како мултиетничка држава и треба да го одржуваме. Имајте лесни пости и нека мине овој месец со позитивни мисли и добри дела – рече премиерот Димитриев.
Упатуваме бескрајна благодарност на семоќниот Алах Џелешануху што овозможи да се собереме и уживаме во овој голем настан. Ова е голем настан оти човекот верник има две радости едната е ифтарот а втората е гледањето со неговиот творец Алах Џелешануху. Затоа по благодарност за градоначалникот Чадиев кој го организираше овој Ифтар – рече Нијаз Мустафовски оџа од Велес.
На овој ифтар присуствуваа околу 130 верници за кои персоналот од Розе сала подготви телешка плескавица, пилешка вешалица, гарнир, пекарски, леб мешана салата и баклава и телешка чорба.
Tweet |