речник контакт

Премиерот Заев во Велес - Ги започнуваме економските мерки, со цел враќање на парите кон граѓаните

Заев се враќа надежта кај граѓаните.ВМРО-ДМПНЕ - Заев не е добредојден во Велес

Петар Печков

Денес во посета на Велес беше премиерот Зоран Заев, кој оствари средба со граѓаните и најави на проекти за кои како Влада работат.     

Се враќа надежта кај луѓето од новата   политичка клима, која ја создава коалицијата предводена од СДСМ. Тоа значи се враќаат и економските перспективи во Македонија. Луѓето кои продаваат  посакуваат повеќе пари, граѓаните кои се купувачи, посакуваат работа за младите, намалување на трошоците.   По првите три месеци работа, започнавме  со економските мерки. Пред Собранието поднесени се Законите за минимална плата, која ќе  ги отвори  спиралите на покачување на платите на сите работници. Поднесен е Законот за  стечајните работници   кој е исправање на голема на правда, донесена е одлука за евтината тарифа на струјата. Одредени институции ги започна постапките за  скратување на    одредени  процедури но и трошоците.  Најголема наша преокупација е отворање на работни места за младите. Месецов ќе бидат отворени менијата за привлекување на странски и домашни инвестиции.  Ќе ги изедначиме  сите придонеси  и државни помоши за отворање на нови работни места, па домашните компании ќе  добијат ист третман,  во некои случи и подобри затоа што тие имаат потенцијал  за  отворање постабилни работни места.   Секој работодавец кој отвори работно место  со плата двојно  поголема од минималната, блиска до просекот имаат можност со стимулативни механизми од државата , со директна помош да  отвори повеќе работни места. Сите ресурси се насочени на враќање на парите  кон граѓаните и намалување на трошоците на   живот – рече премиерот Зоран Заев при посетата на Велес. 

Одговарајќи на новинарско прашање  за референдумите за изградба на станови на  бегалците, барање на  опозициската ВМРО-ДПМНЕ Заев рече дека е  апсурдно, но би го поддржале.

Да не е жално  би било смешно. Македонија не е така добра земја, за тие да  останат тука.  Ова е политичка манипулација на политичкиот опонент , кој сака да го дефокусира вниманието на граѓаните во пресрет на локалните избори а тоа го прават исплашени дека ќе ја изгубат  власта и во општините.    Ако имаат намера преку мнозинствата, кои ги имаат во повеќето општини во земјава да ја реализираат оваа мерка и спроведат референдуми,  за забрана на отворање на кампови во Република Македонија, јас ставот на СДСМ ќе го изградам со коалиционите партнери.  Тој ќе биде едноставен и логичен за баналноста на оваа политика  да ја доведеме  до апсурдност.  Ќе го поддржиме референдумот, ќе  гласаме ,,за,, и што правиме потоа? Нема излез од таквата мерка и  така ќе ја покажеме нејзината   баналност.  Граѓаните бараат програми и а не лаги со опашки за замајување на јавноста во Македонија. Ако  има референдум и СДСМ ќе гласа ,,за,, и ќе имаме стопроцентен референдум дека нема да има кампови. Тоа потврдува дека постапката е  лага, дека некој сака да ја заштити Македонија  од отворање на кампови за беглаците – рече Заев.        

Веднаш по изјавата на премиерот  Заев, на партиска прес конференција на  општинската  ВМРО ДПМНЕ порачаа дека тој не е добредојден во Велес.

Велес е градот кој најмногу пропати од политиките на СДСМ кои значеа затворање на фабрики, технолошки вишоци и бркање луѓе на улица без работа. СДСМ во Велес е синоним на поимите транзиција и криминална приватизација. СДСМ во Велес е синоним за грабеж, пустош на економијата и уништување на цели семејства. Заради штетите кои зад себе ги оставија СДСМ и Заев никогаш не се добредојдени во Велес. На СДСМ и Заев не им е местото во Велес затоа што од град на индустријата го направија град на невработеноста и сиромаштијата. СДСМ и Заев не се пожелни во Велес затоа што ги распарчија најголемите фабрики во градот и оставија илјадници наши сограѓани на улица.  Нема добредојде од Велес за Заев и СДСМ затоа што оставија рекордни 16.912 луѓе без работа. Заев и СДСМ не се пожелни во нашиот град затоа што поставуваа роднини за судии и стечајни управници за фабриките во Велес, кои  преку стечајни постапки направија да ги украдат луѓе блиски на СДСМ – изјави Ѓорѓи Коџабашиев.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »