речник контакт

Премиерот Заев и министерот Спасовски засадија садници на езеро Младост, за 75 години од Обединетите нации (фото)

На чинот присуствувал дипломатскиот кор и претставниците на ОН во Македонија

Петар Печков

Премиерот Зоран Заев , mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски,  министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, и постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак, денес засадија садници и се приклучија на акцијата  „Засади 75 дрвја за 75-годишнината“во чест на 75-годишнината од формирањето на Организацијата на Обединетите нации.

На овој чин, кој се случи на опожарените површини околу езеро Младост,  присуствувале  официјални претставници на Обединетите нации,  дел од дипломатскиот кор и официјални претставници на институциите.

Во оваа пригода сакам да истакнам дека нашата држава останува посветена на спроведувањето на препораките на Oбединетите нации, како и на глобалните милениумски цели за одржлив развој.  Преку начелата на соработка и солидарност оваа организација поттикна клучни иницијативи за надминување горливи светски проблеми, каква што е пандемијата на Ковид-19. Таа ја имаа централната улога во справување со оваа најголема закана за човештвото по Втората светска војна дејствувајќи преку Светската здравствена организација. Ги координира научноистражувачките работи, меѓународните активности за заштитата, развојот на тестови, лекови и вакцини - истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите од настанот.

Оваа 2020 година ја донесе една од најголемите здравствени кризи во изминативе неколку децении, сепак годинава е значајна за нас, бидејќи семејството на Обединетите нации слави 75 години од своето основање.  Денес кога цел свет е погоден од пандемијата од Ковид-19, Обединетите нации преку Светската здравствена организација имаат исклучително значајна улога во насока на заштита на населението на меѓународно ниво - порача министерот Спасовски.

24 октомври се прославува како Ден на Обединетите нации од 1948 година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »