речник контакт

Премиерот Ковачевски - новите инвестиции во Брако значат нови вработувања (фото и видео)

Претседателот на Управниот одбор на „Брако“, Кочо Анѓушев промовираше три инвестиции

Петар Печков

Претседателот на Управниот одбор на „Брако“, Кочо Анѓушев промовираше три инвестиции кои  значат зголемување на продуктивноста и конкурентноста.

„Беше предадена во работа новата линија за поцинкувана жица, прва и единствена инсталација  во Европа со американска технологија комплетно еколошка, без киселени и без  загадување, без мазут. Производството  од 400 тони е зголемено на 700 тони месечно со можност да се произведува 1,5 илјади тони. Втората инвестиција  е стариот погон за поцинкувана жица, кој  е реконструирана со нови машини за изработка на федер жица, за душеци  за индустрија за мебел, наши клиенти се сите производители на душеци во регионот. Трета инвестиција е изграба на нова хала за „грин машин“ каде ќе се склопуваат овие машини“ - кажа Анѓушев. 

Новиот  инвестициски циклус е  во износ од 10 милиони евра.  Во „Брако“ спаѓаат  фабриката за жичана програма, фабриката за машини, фабриката за медицинска опрема и фабриката за возила.  

„Во фабриката  влегуваат милион компоненти, за неа работат  600 фабрики кои се снабдувачи  и тоа е тешко  да се организира. Мал процент од компаниите носат храбри одлуки, да започнат нов инвестиционен циклус , да почнете да произведувате нови производи. „Брако“ донесе одлука да инвестира, започне инвестиционен циклус од 10 милиони евра во моментот кога започна  ковид пандемијата а 21 милион евра вложи во придружните компании.  Горди сме што 70% од тие средства отидоа во машини, а 30 во хали. се купуваше нова технологија, тоа што е најсовремено во светот, така се постигнува највисока продуктивност.  За надминување на енергетската криза, инсталиравме фотоволтаици . Продолжуваме со купување на нова технологија“- додаде Анѓушев.

Тој најави дека на саемот во Минхен  на крајот од месецов ќе се претстават со пет возила, четири електрични. Производството на „Брако“ е извозно ориентирано во 42 држави.

„За време на обиколката на компанијата „Брако“ имавме можност да го видиме процесот на производство, како и новите инвестиции. Тие се многу значајни и нивната вредност е уште поголема со оглед на тоа што се случуваат во моменти на најголема економско-енергетска криза. Новите инвестиции дополнително значат и раст на бројот на работни места, како и натамошно осовременување на производните капацитети. Од над 1.000 вработени во „Брако“ 150 се инженери, додека останатите се со најразличен образовен профил а просечната нето месечна плата во фабриката изнесува над 30.000 денари“, рече премиерот Димитар Ковачевски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »