речник контакт

Премиерот го посети свлечиштето во Велес

Премиерот Никола Груевски вчера престојуваше во работна посета на Велес.

Петар Печков

Премиерот Никола Груевски вчера престојуваше во работна посета на Вел?с. Заедно со него беа и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и заменикот министер за животна средина Соња Лепиткова.

Целта на нивниот престој во градот беше Рамина и состојбите на ова свлечиште кое е регистрирано 10 години. Груевски по екс претседателот Борис Трајковски е втор политичар кој го посетил овој простор за овие десет години.

- Свлечиштето Рамина е во прилично тешка состојба и за него и неговите жители се води малку грижа. Таму е катастрофа да се живее, водмени се луѓе социјално загрозени со низок стандард на живеење, невработени, социјални случаи. Свлечиштето им ги руши куќите, влагата им ја уништува покуќнината, едноставно тие се рушат. Мораме итно нешто да се превземе. Најдоцна до октомври ќе  започнеме со изградба на втор потпорен ѕид кој ќе чини 1,2 милиони евра а доколку има потреба и од уште еден ѕид кој би чинел 200-300 илјади евра. Со ова би го решиле донекаде овој проблем, кој не може да се реши преку ноќ - изјави премиерот Никола Груевски.

Тој одговараше и на новинарски парашања. Премиерот изјави дека оставката на министерот за култура е заедничка одлука со ДПА, но негираше дека тој стои зад забраната за одигрување на претставата „Тито“.

\"\"

Груевски демантираше дека во Владата се подготуваат било какви рокади на министерски места или некаква реконструкција. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски го најави процесот на санација на свлечиштето.

- По консултациите со стручњаците, јасно е дека втор ѕид мора да се гради а понатаму и трет со кој лизгањето на земјиштето ќе се санира. Средствата кои ќе се обезбедат ќе се употребат и за експропријација на куќите кои треба да се срушат. Целокупниот проект за решавање на Рамина чини 1,5 милиони евра и тие ќе се најдат за овој проблем да се реши - изјави министерот Јанакиевски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »