речник контакт

Преносен ехо апарат за велешка болница донација од КБ Инвест

Овој апарат значи многу за болницата но и за сите пациенти кои ќе имаат корист од оваа технологија

Петар Печков

ЈЗУ Општа болница во Велес доби преносен ехо апарат. Toj e донација  од КБ Инвест. Апаратот  ехо портабел служи  за апликација на периферни блокови при ортопедски операции.

„Оваа современа опрема ќе ни помогне да бидеме поблиску до нашата цел- овозможување на попрецизно изведување на процедури, намалување на болката кај пациентите и побрзо опоравување, што е од непроценливо значење за нашите пациенти. Овој гест значи многу за нас како тим, но уште повеќе за сите пациенти кои ќе имаат корист од оваа технологија.Благодариме за покажаната поддршка и посветеност кон здравствениот сектор“- соопштија од велешката болница.

КБ Инвест, во рамките на својата општествена одговорност и припадност спрема заедницата, секоја година обезбедува подароци, таму кај што се најпотребни. Ехо апаратот е последен во низата, а од КБ Инвест искажуваат искрена благодарност за топлиот прием во Општа болница Велес и се радуваат на насмевките на оздравените пациенти.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »