речник контакт

Преподобен Спиридон Чудотворец, 25 XII

Лекар и заштитник на крупниот добиток.Именден празнуваат: Спиридон, Спиро...

Петар Печков

На 25 декември Светата православна црква го празнува споменот на Свети Спиридон Чудотворец. Епископот и чудотворец Спиридон од Кипар се занимавал со земјоделие. Живеел од својот труд и ги помагал сиромашните. Многу неверници придобил кон христијанската вера. Умрел во 348 година.

Меѓу народот има повеќе легенди и верувања поврзани со името на Св. Спиридон Чудотворец. Легендата раскажува дека Св. Спиридон направил чудо на Никејскиот собор кога за да ги демантира еретиците и Ариевците стиснал ќерамица во раката при што од горната страна излегол пламен, а од долната протекла вода.

Свети Спиридон живеел во четвртиот век на ос­тровот Кипар. Родителите му биле прости луѓе и тој од младо­ста чувал овци. Кога му дошло времето, се оженил, но наско­ро останал вдовец, па целиот свој имот почнал да го користи за да им помага на бедните.

Подоцна бил избран за епископ во кипарскиот град Тримитунт. Господ го прославил овој чу­десен човек со даровите на чудотворство и прозорливост. От­како добро и послужил на Црквата, се упокоил во 350 година. Неговите мошти се пренесени во седмиот век во Цариград, а во време­то на турското освојување биле пренесени на грчкиот остров Крф.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »