речник контакт

Препорака до таксистите- користете заштитни маски и гумени ракавици

Таксистите и превозниците кои вршат јавен превоз дневно да ги дезинфикуваат возилата

Петар Печков

Локалната власт  излезе со препораки до вршителите на такси и јавен превоз во општината. Таа препорачува  такси превозниците да ги дезинфицираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси возачите да користат лична заштита -маска и гумени ракавици.

Дополнително, оваа препорака се однесува и до приватните превозници кои се вклучени во јавниот сообраќај во Општина Велес за интензивирање на активностите за чистење и дезинфикација на нивните возила.

Секое возило, независно дали сообраќа цел ден на одредена линија или се вклучува еднократно, треба да е подложно на дополнителна дезинфекција, како една од мерките за заштита од коронавирусот. Возилата да се дезинфицирааат со распрскување на соодветни средства на база на алкохол и Дезинтал 10%, а да се врши и рачна дезинфекција на одделни делови од возилото, како што се ракодржачите и слично. Секое возило да се третира со дополнителната дезинфекција еднаш, пред вклучување на линијата или потоа, во зависност од динамиката на сообраќање - пишува во соопштението од Општина Велес. 

Согласно актуелната состојба со корона вирусот, локалната власт ги потсетува граѓаните  дека една од мерките и препораките на Владата е и намалено користење на јавниот превоз со цел превенција од ширење на вирусот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »