речник контакт

Препораки на спасителите за капењето во базен и езеро

Спасителитедо крајот на летото ќе ги надгледуваат капачите на Градскиот базен Снупи и на езерото Младост

Петар Печков

Крајот на учебната година значи и почеток на летните радости за учениците и помладите. Тие се најчестите посетители и капачи на Градскиот базен и езерото Младост. Токму затоа од денес до крајот на сезоната за капење на овие простори има спасителни екипи кои ќе внимаваат на капачите и посетителите. Тие се од Здружението  за безбедност на вода и планини,,Македонски спасител,,. 

Како професионално ангажирани спасители ќе бидеме присутни постојано на базенот Снупи. Додека во викенд деновите и празниците на двете плажи на езерото Младост. Наша препорака за ваша безбедност е да ги  почитуваат препораките на присутните спасители. Не скокајте, не правете работи кои можат да го загорозат вашиот и животот ан другите капачи – рече Ангел Пановски претседател на Здружението.

На езерото Младост се присутни на прва и втора плажа со по петмина  додека на Градскиот базен се по три лица.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »